Гостивар: Малолетник со автомобил паднал во река

Од:

Две седумнаесетгодишни момчиња се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа се случила на локалниот пат Врапчиште-Топлица. Пребрзото возење најверојатно е причина за несреќата, информираат од СВР Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, несреќата се случила во месноста „врапчишки воденици“ откако возилото „фиат-панда“, што без возачка дозвола го управувал 17-годишник од Неготино-Полошко загубило контрола и излетало од коловозот. Возилото со возачот и сопатникот исто така 17-годишник паднеле во Топличка река, од каде биле извлечени од случани минувачи. Повредените биле пренесени во гостиварската болница каде биле задржани на лекување и испитување.

Од СВР Тетово предупредуват на појавата од возење на автомобили и други превозни средства без возачки дозволи.

– Трендот на ваквите прекршоци бележи пораст, што го потврдува и фактот дека на поширокото полошко подрачје, за девет месеци регистрирани се над 2.500 вакви случаи, вели Јосифоски.

Во вчерашните контроли, сообраќајците откриле нови 13 случаи на лица кои возеле без дозвола, а уште девет биле без придружба како возачи почетници.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски