Гостивар: Блокираната сметка ги блокира и капиталните инвестиции

Од:

Високите сметки за струја и заостанати фактури го отежнаа работењето на гостиварската локална самоуправа.

Жиро сметката на општина Гостивар е блокирана од ноември минатата година и изминатиов период функционира со финансиска рамка за покривање на основните трошоци. Предвидувањата се дека за закрепнување се потребни најмалку пет месеци по што би се нормализира финансиската состојба во општина Гостивар

За лошиот биланс на „општинската каса“ МИА се обрати до првиот човек на општината и го праша за актуелната состојба.

– Од минатата година ние се соочуваме со сериозен финансиски проблем. Сè уште имаме тешкотии, со оглед дека сметката е блокирана и работиме според финансиска рамка. Најсилен удар ни зададе поскапувањето на електричната енергија како ефект од енергетската криза. Конкретно, правевме ребаланси и бевме принудени да потрошиме околу 1,5 милион евра на сметки за струја, вели градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Според Таравари, фактурите за потрошена електрична енергија во образовните институции, биле за двојно повисоки, а блок дотациите на Министерството за образование и наука за училиштата останале исти. Тоа според него дополнително ја влоши финансиската состојба.

Како последица на „минусот“ во општинската каса има значителен застој во реализација на програмата и капиталните инвестиции. Речиси ништо од предвиденото во програмата на вториот мандат на актуелното општинско раководство не се реализира.

Ова беше тема на дискусија и на последната седница на советот на точката за усвојување на квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Гостивар за 2023 година. Локалната опозиција упати критики за раководењето со парите и нереализирање на најавените инвестиции. Општинските буџетари информираа дека моментниот долг на општина Гостивар изнесува 7,2 милиони евра. Во дискусиите беше кажано дека за блокирањето на жиро-сметката една од причините заради кои расне долгот се и каматите за достасаните побарувања на компании кои испорачале услуги на општина од пред седум-осум години, а и има долгови наследени од претходните раководства.

Градоначалникот Таравари вели дека општинското раководство вложува напори да се нормализира работата на општината, со оглед, како што нагласи станува збор за непланирана состојба и која не е предвидена на среден или долг рок.

– Работиме на тоа да се одблокира сметката и имаме план. Според анализите во секторот за финансии, би требало до септември да се нормализира финансиската состојба во општина Гостивар. изјави Арбен Таравари за МИА, градоначалник на општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

Граѓани со поддршка пред куќата на Таравари, тој им порача: Народот е за соработка со опозицијата, промената започна

А1он