Гостивар до 17 часот без струја, ЕВН врши реконструкција на мрежата

Од:

Гостивар и неколку околни населби денеска се без напојување со електрична енергија поради поправки и реконструкција на електричната мрежа. Според најавите од ЕВН Македонија, редовното снабдување треба да се воспостави од 17 часот.

Од службата за информирање на ЕВН Македонија потврдија дека прекинот во снабдувањето на корисниците започна утрово од 9 часот.

– Екипите на ЕВН Македонија ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа. Заради реализација на инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енерија, без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Кориснички Енерго Центар (КЕЦ) Гостивар, наведуваат од ЕВН Македонија.

Без струја од утрово па сé до 17 часот ќе бидат градското подрачје, реоните околу индустриските објекти на Вардар Доломит, фабриката Циглана, населбите Циглана, Фазанерија и селото Долна Бањица.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско