(ВИДЕО) Гошев: Со гангстери на власт нема гаранции

Од:

Според Петар Гошев, екс гувернер на Народната банка, актуелната Влада континуирано ја лаже јавноста и уставната измена за ограничување на јавниот долг е трик за да продолжи да ја лаже јавноста.

„Оваа Влада е најавантуристичка кога се работи за трошење на јавните пари. Нема гаранција дека границата од 60% е безбедна ако имате гангстери на власт. Тоа е бандитизам и измама на сопствениот народ”, рече Гошев во емисијата Тренд на 24Вести.

Според екс гувернерот Владата лаже за висината на јавниот долг и измислува закони со кои ги дискриминира граѓаните.

„Блеферите во власта не може да ни продаваат дисциплина за трошење на парите на народот”, рече Гошев.

Според Гошев и втората уставна измена за формирање на слободни, територијални и економски зони е само натпревар кон дното.

„Најпатриотската партија секој ден ја распродава Македонија за џабе. Оваа измена е за да можат оние алчни и незаситни делови од светот кои се само 1%, да дојдат и да експлоатираат и во Македонија. Тие кријат даноци.

– Власта и Македонија сака да ја направи како Девствените острови, Кајманските острови или Белизе. Тоа е држава во држава. Не ми го цитирајте министерот за финансии Ставрески. Тој постојано лаже”, рече Гошев.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски