Гори во Конче и на Кожуф

Од:

Се уште не може да се совладаат огнените стихии кај селото Ракитец во општина Конче и на планината Кожуф, во реонот меѓу местата Чичикаја и Асан Чешма, соопшти Центарот за управување со криза .

Во пожарот кај Ракитец е зафатена нискостеблеста дабова шума. Во гаснењето интервенираат 30 вработени од Шумското стопанство од Радовиш, како и дел од локалното население.
На Кожуф, гори нискостеблеста шума и има зафатено мал дел од ела и бука. Пожарот е под контрола и нема опасност од негово проширување.

Пожарот меѓу Љубојно и Долно Дупени на повеќето места е локализиран, освен четири жаришта . На барање на ресенскиот градоначалникот во гаснењето на овој пожар денеска дејствувале и два противпожарни авиона. Опожарена е површина од околу 60 хектари сува трева, нискостеблеста и дел од дабова шума.

Локализиран е пожарот кај месноста Двата пата над Струмица, како и пожарите во валандовските села Казандол и Дедели, каде што на терен се оставени дежурни екипи од Шумското стопанство – Саланџак.

Изгаснат е пожарот кај село Нивичино, а десет лица од Шумското стопанство – Беласица го контролираат теренот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он