Гори шума помеѓу селата Блаце и Чучер, еден крак од пожарот е изгаснат

Од:

Во општина Чучер Сандево, помеѓу селата Блаце и Чучер, каде гори мешана шума и ниска вегетација, екипите за гаснење се сè уште на терен и активно интервенираат. Еден крак од пожарот е пресечен и изгаснат, но останува уште еден активен крак кој се шири кон сосема непристапен ридско-планински терен, објавија од Центарот за управување со кризи.

-Интервенцијата е отежната бидејќи пожарот зафатил голема површина. Се вложуваат максимални напори за да се стави ситуацијата под контрола, стои во објавата на ФБ од ЦУК.

Во пожарот помеѓу село Блаце и село Чучер зафатена е мешана шума и ниска вегетација. За негово гаснење од утрово во пет часот ангажирани се два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, како и три возила на Дирекцијата за заштита и спасување – еден хермелин со цистерна, еден пинцгауер на и едно теренско возило „амарок”, дејствуваат како поддршка на скопската БППЗ (Бригада за противпожарна заштита Скопје) која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце, кој изби вчера во попладневните часови.

Како што изјави утрово директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, најверојатна причина за пожарот во оштина Чучер Сандево е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување.

-Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување. Затоа, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати, апелира Ангелов.

Би можело да ве интересира

Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

Голем пожар избувна во Радовиш – горат погони и машини во поранешен „Декортекс“

А1он

Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра