Гори борова шума кај „Јасен“

Од:

Гори борова шума на потегот од село Тажево до село Брезница, на граница на Националниот парк „Јасен“ во општина Македонски Брод.

За гаснење се ангажирани пет лица од Македонски шуми и вработени во Националниот парк „Јасен“.

Според ДЗС, избувна пожар во општина Чашка кој зафати нискостеблеста шума.

Пожарот во Општина Липково што избувна вчера е активен на местото Мала Пресица кон село Стрима. Теренот е непристапен, но состојбата се следи.

Според ДЗС, изгаснат е пожарот во село Радуша, општина Сарај. Дежурни екипи, шест пожарникари и две возила, се уште се на терен.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски