Гореше нискостеблеста шума и трева кај село Орашац

Од:

Кумановските пожарникари вчера речиси седум часа го локализираа пожарот на нискостеблестата шума и трева на површина од 20-тина хектари на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на Искрин мост, од десната страна кон село Орашац.

Пожарот бил пријавен во 13.35 часот, а петте пожарникари со една цистерна успеале да го локализираат во 20.10 часот.

Причината за пожарот и материјалната штета што е предизвикана се уште не се познати.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Дејан Илиевски, денеска изјави дека станува збор за деветта интервенција на пожарникарите од почетокот на овој месец.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче