Гордана Силјановска Давкова: Партијата, којашто 22 години е на власт, од кои 16 непрекинато на „Илинденска“, сега, фројдовски ја проектира сопствената фрустрација на други

Од:

Како е можно по децениска образовна, научна и експертска активност во најпрестижните европски институции и десетици академски трудови објавени во западноевропските списанија и книги, една марксистичко-сталинистичко-енверистичката партија, која не е примена во ниту едно партиско семејство во Европскиот парламент, да ме напаѓа и обвинува за русофилија и путинизам?, се вели во реакцијата на Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Партијата, којашто 22 години е на власт, од кои 16 непрекинато на „Илинденска“, сега, фројдовски ја проектира сопствената фрустрација на други. Ноторен факт е дека токму ДУИ во своето соопштение, признава дека овозможила сериозно руско влијание во Македонија. За среќа, веќе триесет години мој професионален дом е најстарата европска институција, Советот на Европа. Мојата комуникација со Стразбур е поврзана со човековите права, владеењето на правото и демократијата.

За разлика од мене, комуникацијата на Али Ахмети и други функционери на ДУИ со Стразбур е поврзана со хашките случаи. Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, во писмото до Владата порача дека во Европа, согласно со меѓународното право, воените злосторства никогаш не застаруваат. Време е сите актери во Македонија да се однесуваат европски, вели Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател Бака

А1он

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус, прашува Мрежата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски