Гордана Деан Поп-Христова: Нивните злодела нема да пројдат неказнето

Од:

Гордана Деан Поп-Христова, познат кореограф и сопруга на актерот Кирил Поп-Христов со порака од Јужна Америка каде заминаа по преживеаната голгота во Македонија.

Таа пишува за сета неправда која била нанесена на Кили во текот на неговото лекување, за неговиот отказ, за суровоста на македонските институции.

gordanaDeanStatus

-Отидовме на друг континент каде што никој не не знае, не го разбира нашиот јазик, во земја каде не сме оставиле 20 годишен труд и допринеле за уметноста..не ги гледале филмовите кои ги снимавме, не ги знаат претставите во кои игравме и кои ги режиравме, не ги знаат студентите кои ги едуциравме, не знаат какви луѓе сме, а сепак во болница се лекуваме бесплатно…Бесплатно здравство!

Во нашата земја Македонија кога се разболевме од рак не сакаа да не оперираат во државна болница па плативме илјадници евра во скопска приватна клиника, благодарејќи на помошта од пријателите кои ни позјамија пари за да не чекаме додека не биде предоцна…продадовме се што имавме во мојот роден град за да го вратиме долгот..потоа продадовме се што можевме во Македонија и на свој трошок дојдовме да се лекуваме илјадници километри далеку од нашата земја..

Отказното решение беше огромен шок за нас, бевме разочарани и згрозени.

Јавна тајна е дека во МНТ на платен список се глумци кои со години не работат, а немаат никаков проблем… знаеме и за актер кој беше директор во Драмски театар на кој му беше платено лекување во најдобар европски центар и не доби отказ туку добиваше директорска плата..

Убаво е да се вработуваат млади актери, но дали тоа значи дека треба да ги прегазиме тие кои го носеле репертоарот 20 години само затоа што се болни од рак и дали треба да ги плукаме и омаловажуваме? Директорот на МНТ ни кажа дека може да почекаме со пријавување за инвалидска пензија која секако би ни следувала во секоја нормална земја, неколку месеци, колку што ќе треба за лекување затоа што процедурата за пензија трае долго, а ние немаме време…

Дали во било која земја би му дале отказ на познат актер со долгогодишна кариера, кој играл главни улоги во филмови, главни улоги во театар, кој е шоумен, свири клавир како професионален музичар, актер кој го викаат како гостин во тв емисии за да зголеми гледаност, кој води една од најслушаните радио емисии… И на кој му е извадена плешка и поради тоа му е редуцирано движењето на раката, а боледува од хондросарком… Отказ?

Многу зборел, така ни кажуваат тие што имаат инсајдерски информации… на Македонија не и‘ се потребни луѓе што мислат и што го кажуваат тоа што го мислат?… кои не сакаат јавно да признаат дека имаат мака, да бидат јадни и да бараат сожалување….тие што одлучиле бессрамно да не избркаат од театар и од Македонија многу добро знаат за сериозноста на болеста и дека со рак нема шега…

Бесчувствителни се луѓето кои донеле таква одлука, ништо не им е свето… а тоа носи последици, дали поради карма, небеска правда, дали поради балансот во универзумот, не знаеме, но знаеме дека нивните злодела нема да пројдат неказнето…пишува Гордана Деан Поп-Христова која е стоматолог, позната како кореограф на групата Ребис на својот Фејсбук профил.

Неодамна семејството Поп-Хрисотви се исели од Македонија

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кили до Студентски пленум: Одете до крај, NO PASARAN

Ана Ололовска

Кили: Не можам у Маусдонија така да проживеам, бар сега!

Емир Латифовиќ

Приведен Владимир Поп Христов

Ана Ололовска

Кили: Правев лек, а господата од полиција ми го упропастија

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Една година затвор за Кирил Поп Христов-Кили

Ана Ололовска

Актерот Кили во судница

А1он