Горат куќи во Патетино

Од:

Се уште горат куќи во светиниколксо Патетино. Противпожарните екипи се обидуваат да го изгаснат пожарот, од кој изгореа триесетина куќи.

Пламените јазици, потпомогнати од ветерот, уништија и куќи и над 300 хектари житарици и ниско стеблеста шума.

Во село живеат малку жители и најчесто луѓето доаѓаат за викенди и празници.

Активен е и пожарот кај селото Разловци, во околината на Делчево. Огнот не успелае да го згаснат ниту по воздушен пат. Локализиран е пожарот кој по полноќ се активирал во близина на Стар Дојран.

Причина била запалена депонија, а подоцна заради ветер, пожарот се проширил кон Стар Дојран. Веднаш било реагирано од противпожарната служба на Дојран, а на помош дошле и единиците од Гевгелија, Валандово и Струмица.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип