Горан само професионално го штител Вељаноски, рече адвокатката на Горан Ѓошевски

Од:

„Началникот на личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Горан Ѓошевски само професионално си ја вршел задачата“, рече неговата адвокатка Наталија Тасевска.

Според неа, не постои ниту еден доказ од кој се гледа дека го сторил кривичното дело за кое е осомничен. Тој сам се јавил во полиција кога дознал дека го бараат. Вишото јавно обвинителство бара да се одбие жалбата и Горан Ѓошевски да остане во притвор.

Судиите од Апелациониот суд во Скопје денеска на јавни седници расправаат за жалбите на осомничените за крвавиот четврток за продолжувањето на мерката притвор. Пред празниците, скопска Апелација ги испратила на одговор жалбите на осомничените до Вишото јавно обвинителство. Одговорите стигнале вчера.

Жалба за притворот поднеле и актерот Владо Јовановски, Горан Ѓошевски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Оливер Поповски од Шестата управа на МВР и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање. Судот пред новогодишните празници им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието.

В.М.

Би можело да ве интересира

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он