Горан Петрески замина од МРТ, продолжува во „Вест“

Од:

По „успешната приказна“ за МРТ како сервис на сите граѓани, сега Горан Петрески ќе застане на првата позиција на весникот „Вест“. Утринава во јавниот сервис Горан Петрески на колегиумот соопштил дека заминува од телевизијата, односно ја напушта функцијата уредник на вестите на МТВ.

Малку подоцна, Горан Петрески им бил претставен од менаџментот на вработените во весникот „Вест“ како нов уредник на местото на досегашниот, Горан Михајловски. Како што најавуваше дека од МТВ ќе направи сервис за сите граѓани, сега на вработените во „Вест“ им најавил дека ќе го зголемел тиражот, односно продажбата на весникот. Речиси еден час траело запознавањето со новиот уредник на „Вест“, информираат вработени од редакцијата.

Ваквиот епилог доаѓа откако менаџментот, и покрај барањето на новинарите, не му го продолжи договорот на досегашниот уредник на весникот Горан Михајловски.

– Новата програмска шема значи обид на новиот раководен тим во куќата да им се приближи на гледачите, односно за нивните пари да им понуди соодветен квалитет во секој сегмент. Кога почнувате нов начин на комуникација, почнувате со сосема нов концепт. Кадровски, технички, од секaков аспект. Промените почнаа одеднаш во сите сегменти на програмата. Јас сум одговорен за информативниот дел на програмата – вестите и емисиите од информативен карактер, рече Петресеки откако застана на местото прв човек на информативната програма на МТВ, во интервју за весникот „Нова Македонија“.

Факт е дека за овој период МТВ не се приближи на гледачите, туку само на владеачката партија, чиј сервис стана. МТВ водеше пропагандна војна против опозицијата и сите што не се со власта. Против уредувачката програма на вестите имаше неколку протести пред телевизијата, а редовно вестите и политиката на нивното уредување беа на удар на критиките на меѓународната заедница и новинарските здруженија. Вестите почнуваа и завршуваа со владата, со што се остана исто, а повторно морааа да се менуваат студиото и шпиците на вестите, за да остане иста политиката на куќата.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on