Голомразица и снег на патиштата кон селата под Кожуф

Од:

Голомразица и снег има по патиштата кои водат кон неколку села под планината Кожуф. За ова денеска информираат од компанијата „Јами” од Кавадарци која од кавадаречката локална самоуправа беше избрана за зимско одржување на патиштата во општината. 

– Проблемот го решаваме со фрлање сол по патиштата кои водат до повеќе села, меѓу кои и Бојанчиште, Страгово, Бохула, Чемерско, Рожден и Мајден, соопштуваат од „Јами”.

Оттаму додаваат дека снегот воопшто не ги изненадил и дека се целосно подготвени како со работници, така и со механизација, да ги одржуваат патиштата во зимски услови.

– Будно ја следиме состојбата на терен и ќе реагираме секаде каде што ќе биде неопходно и тоа во најскоро време, нагласуваат од компанијата и апелираат до сите учесници во сообраќајот, да бидат внимателни и задолжително да ги почитуваат препораките за носење на зимска опрема.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on