Големо невреме, од Град Скопје апелираат граѓаните да останат во своите домови

Од:

Во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број на скршени и паднати дрвја.

Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања, се вели во соопштението од град Скопје.

Апелираме до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот, додаваат тие, пренесе Скопје Инфо.

Во меѓувреме на социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии од локации каде што сообраќајот е во прекин:

1. Населба Автокоманда, во близина на хотелот Континентал

2. Улица Рилски Конгрес, населба Водно

3. Булевар Србија, сообраќајот е во прекин – заглавени се неколку возила

4. Булевар Кочо Рацин, кај Тинексот во близина на ГТЦ

5. Улица Иван Козаров, Кисела Вода

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост