Голема потрага по младиот Диме Стојамиров од селото Тремник

Од:

Дваесет и двегодишно момче од неготинското село Тремник синоќа е пријавено за исчезнато, потврдија од СВР Велес.

– Синоќа во 22.15 часот во ОВР Неготино, С.С.(40) од село Тремник, неготинско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот внук од брат Д.С.(22), кој бил со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од СВР Велес.

Известување за исчезнатото момче е објавено и на Фејсбук профилот посветен на селото Тремник.

– Се известуваат жителите на село Тремник доколку се во можност да ги проверат своите гаражи, штали, помошни простории, шупи, со цел пронаоѓање на исчезнатото лице Диме Стојамиров од село Тремник и доколку се забележи веднаш да го известат МВР, се вели во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Со денови се трага по исчезнатото повозрасно лице од штипското село Степанци

ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

Полицијата трага по возач кој повредил жена во сообраќајка во Тетово

Горан Наумовски

Полицијата ја барала со дронови, нема трага од Лидија од скопско Јурумлери

Уште се трага по исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери

Катерина Ѓуровски

Полиција трага по 20-годишна девојка од Скопје