Општина Аеродром: Голема еколошка акција за чистење на Ново Лисиче, здравата и чиста животна средина е наш приоритет

Од:

Аеродром во соработка со организациите „За Почиста Македонија“ и „Волонтерски центар – Скопје“ почна акција за темелно чистење на населбата Ново Лисиче. Акцијата ја спроведуваат сезонските работници од Општина Аеродром со поддршка на стотина волонтери од невладините организации и истата вклучува акција за темелно чистење на Ново Лисиче, што опфаќа метење и миење на улиците, собирање на шутот, отпадот и гранките од зелените површини и пешачките патеки.

За да се носи епитетот најчиста и најубава општина, неопходно е редовно одржување на јавните површини и парковите и во остварување на таа цел, потребно е да се вклучуваат сите засегнати страни, локалната самоуправа, граѓаните и приватниот сектор, велат од Општина Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски кој присуствуваше на денешната акција се заблагодари на присутните и партнерите и истакна дека ваквите активности се од големо значење за Општина Аеродром и најави дека инвестициите и активностите за здрава животна средина ќе продолжат и во иднина. Со реализација на оваа акција Општина Аеродром уште еднаш ја потврдува својата посветеност за обезбедување на здрава и чиста животна средина.

Сите заедно се грижиме за одржување здрава и чиста животна средина која е наш приоритет. Со вакви и слични акции продолжуваме и во наредниот период, а комуналните тимови на Општина Аеродром секојдневно се на терен и во континуитет преземаат мерки за чистење на сите јавни површини, се додава во соопштението од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода