Голема екоакција во општина Аеродром

Од:

Денеска почна големата екоакција во Општина Аеродром, која се реализира во соработка со Град Скопје и неговите јавни претпријатија. Како што велат од општината, во следните неколку дена планирано е да се опфати целата територија на Општина Аеродром. Конкретно, ќе се санираат 62 мини-депонии и ќе се уредат 22 потези зеленило. Дополнително, ќе се заменат дотраените контејнери, ќе се санираат улици и ќе се исчистат сливниците на паркинзите и автобуските станици.

Механизацијата за чистење на дивите депонии тргна од булеварот „Трета македонска бригада“ и се упати кон Железничката станица во Мичурин, потоа во реонот околу Мајчин дом, Ново Лисиче, Реонски центар, околу амбулантата и трговскиот центар во населбата Лисиче, како и во Горно Лисиче.

Во акцијата се вклучени и околу 1.000 лица, кои работат на различни локации низ целата територија на Општина Аеродром.

„Со оваа акција ја потврдуваме заложбата за чисти улици и тревници секаде во Аеродром. По нејзината реализација, ќе продолжиме со уредување и со тековно одржување на јавните површини“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Би можело да ве интересира

Аеродромот во Милано преименуван во чест на Берлускони – градоначалникот одби да присуствува на церемонијата

А1он

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски