Голема екоакција во општина Аеродром

Од:

Денеска почна големата екоакција во Општина Аеродром, која се реализира во соработка со Град Скопје и неговите јавни претпријатија. Како што велат од општината, во следните неколку дена планирано е да се опфати целата територија на Општина Аеродром. Конкретно, ќе се санираат 62 мини-депонии и ќе се уредат 22 потези зеленило. Дополнително, ќе се заменат дотраените контејнери, ќе се санираат улици и ќе се исчистат сливниците на паркинзите и автобуските станици.

Механизацијата за чистење на дивите депонии тргна од булеварот „Трета македонска бригада“ и се упати кон Железничката станица во Мичурин, потоа во реонот околу Мајчин дом, Ново Лисиче, Реонски центар, околу амбулантата и трговскиот центар во населбата Лисиче, како и во Горно Лисиче.

Во акцијата се вклучени и околу 1.000 лица, кои работат на различни локации низ целата територија на Општина Аеродром.

„Со оваа акција ја потврдуваме заложбата за чисти улици и тревници секаде во Аеродром. По нејзината реализација, ќе продолжиме со уредување и со тековно одржување на јавните површини“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени