Голем шумски пожар во Струшко, во гаснењето вклучен хеликоптер на МВР

Од:

Голем шумски пожар беснее во близина на струшкото село Делогожда, потврди командирот на Територијалната против пожарна единица од Струга, Фети Мазари.

Поради непристапноста на теренот за гасење на пламените јазици од копно, тој посочи дека побарале помош од Центарот за управување со кризи, од каде на местото пристигнал еден хеликоптер на МВР.

– Екипи на ТППЕ Струга во моментот се на терен со две против пожарни возила, а присутна е и екипа на ЈП „Национални шуми“. Зафатена е голема површина дабова шума и багрем, а постои опасност од префрлање на огнот од другата страна кон Поум, доколку не се интервенира од воздух, изјави Мазари за МИА.

Тој појасни дека истото место било зафатено од пожар и пред две години при што била изгорена голема површина багрем, дабова и борова шума.
Центарот за управување со кризи соопшти дека е ангажирана воздухопловна поддршка за гаснење на опасниот пожар шума кај селото Делогожда заради опасноста од проширување кон место што е непристапно за гаснење од земја.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија