Голем пожар во село Латово во Македонски Брод

Од:

Голем пожар изби денеска околу пладне на територијата на Општина Македонски Брод во атарот на село Латово, месност наречена „Лозје“, информираат од Центарот за управување со кризи.

– Над селото продолжува дабова и букова шума. За да се спречи ширење на пожарот во квалитетна шума како и да се превенира загрозување на с. Латово, на гаснењето на пожарот покрај локалните пожарникари како и пожарникари од Национални шуми, ќе се приклучат и еден ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој потенцира дека ер-тракторот има исклучително дејство со кое е постигнат голем ефект во гаснењето на пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче