Голем пожар во ловиштето „Јасен“, три хеликоптери во акција

Од:

Неколку пожари се активни денеска на отворен простор низ државата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Најсериозна е ситуацијата на територијата на Општина Македонски Брод, во ловиштето „Јасен“, каде пожарот со денови не може целосно да се стави под контрола.

-Овој пожар е активен неколку дена. Иако повеќе пати беше ставен под целосна контрола, а на моменти и целосно изгаснат, поради исклучително непристапниот терен некои негови краци повторно се реактивираат, зафаќајќи поголема површина, изјави Ангелов.

Во гаснењето се вклучени три хеликоптери – два од МВР и еден од Армијата, кои дејствуваат од раните утрински часови. На терен се распоредени 15 припадници на специјалните единици на МВР и 26 припадници на специјалните единици на Армијата, кои заедно со екипите на ЈП „Јасен“ и неколку тимови од Национални шуми, се обидуваат да воспостават контрола над огнената стихија.

Ангелов соопшти дека активен е и пожарот во атарот на село Крапа во Македонски Брод, близу пожарот кој што беснеел и пред 20-тина дена.

-Засега се работи за мал пожар и сум оптимист дека истиот ќе биде набргу ставен под контрола, а потоа изгаснат. Се уште се работи на гасење на пожарот во близина на скопското село Свиларе, каде што на терен се наоѓаат Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со поддршка на два пинцгауери на ДЗС, рече Ангелов посочувајќи дека во моментов нема други пожари кои може да се издвојат како тешки за гаснење.

Информира дека во текот на вчерашниот ден имал тежок пожар за гаснење во територијата на Кичево, кој избил во атарот на селото Челопејци. Овој пожар, потенцира тој, кој тргна кон блиските воени објекти и претставуваше закана за селото, беше изгаснат со брза и агресивна реакција.

-Кон него итно упативме два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, како и двата Ер-трактори на ДЗС. Од земја покрај екипите на ТППЕ Кичево, во гаснењето учествуваа и повеќемина припадници на Армијата, ни значителна поддршка дадоа и локалните жители. Овој многу тежок пожар кој што беше активен до доцните часови во ноќта и во 2 часот по полноќ беше целосно изгаснат. Оставени се патроли кои патролираат за да не дојде до негово реактивирање на некои од неговите краци. Состојбата со овој пожар е мирна, истакна Ангелов.

Би можело да ве интересира

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ