Голем пожар во Чешиново-Облешево, огнот ќе го гаснат трите „Ер трактори“ и хеликоптер на МВР

Од:

Преку единствениот повикувачки број за итни повици 112, неколку пати од повеќе граѓани добиена е пријава за пожар на трева, грмушки и нискостеблеста деградирана шума на ридот близу манастирот „Св. Ѓорѓија“ кај село Соколарци, Општина Чешиново-Облешево, извести Центарот за управување со кризи.

„Три екипи на ТППЕ Кочани итно се упатени на терен а повикани се и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани. Просторот кој го зафаќа пожарот е над 50 хектари и во моментот се движи во правец на селото Рајчице, во дел на непристапен широк шумски појас. Поради опасност пожарот да се приближи кон населено место или да навлезе во високо квалитетмна шума во секој кон пожарот ќе полетаат трите „Ер трактори“ на ДЗС како и еден хеликоптер на МВР“, извести ЦУК.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски