Голем пожар во атарот на штипското село Калапетровци

Од:

Голем шумски пожар има во атарот на штипското село Калапетровци. Од утринава пожарот го гаснат 15 пожарникари, а од воздух се вклучија и двата ер трактори и хеликоптери.

Командирот на ТППЕ-Штип Дарко Коцев за МИА вели дека станува збор за голема површина, а гори и шума. Според него, станува збор за пожар кој е подметнат.

-Во тек е гаснењето на пожарот и од земја и од воздух во атарот на село Калапетровци. На терен сме 15 пожарникари, од воздух реагираат и авионите и хеликоптери. Овде на местото е и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели Коцев.

Тој посочи дека во моментов во штипскиот регион активни се два пожара. Огнената стихија на планината Серта е под контрола, но по завршувањето на овој пожар кај селото Калапетровци пожарникарите и авионите ќе бидат насоечени кон планината Серта, каде што гори нискостеблести растенија и шума од петокот.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати