Голем пожар над Велес, опожарени викендички и лозја

Од:

Голем пожар е регистран денеска над Велес во месноста Гроот на неколку километри од градот, кој е зафатен со густ чад. Пожарот избувнал околу 14 часот, велат сопствениците на викенд куќите, а од огнената стихија веќе се опожарени неколку викендички и лозја. Интервенира Противпожарната единица од Велес, која е немоќна да се справи со пожарот поради силниот ветер, што непрекинато дува.

На помош на пожарникарите им дошле и вработени во Шумското стопанство Бабуна, а гасат и сопствениците на лозјата и на викендичките.

Во околината на Велес гори уште на две места, кај село Каласлари и во месноста Пешти, кај реката Бабуна на неколку километри од градот.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип