Голем пожар кај Струмица, гори површина од околу 20 хектари во должина од три километри

Од:

Околу 13.45 часот во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица избувна голем пожар на отворено при што се зафатени стрништа, сува трева и дрвја. Како што информираа од ТППЕ Струмица, гори површина од околу 20 хектари во должина од три километри покрај реката Струмица.

Пожарот го гасне ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и девет пожарникари.

-Пожарот е во разгорена фаза, а силниот ветар го забрзува неговото ширење. Моментално е спречено движењето на пожарот кон село Зубово и кон блиските објекти и голем дел од пожарот е под контрола, информираат од ТППЕ Струмица.

Продолжува гаснењето на пожарот, а екипи на струмичките пожарникари остануваат на терен до целосно изгаснување на пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче