Голем пожар беснее во Овче Поле

Од:

Голем пожар со зафатена голема површина на сува трева и стрниште од вчера попладне, цела ноќ и се уште утрово беснее во реонот помеѓу селото Мамутчево и селото Милино, кои се на границите меѓу Општината Велес и Општина Лозово.

Од утрово со пожарот се зафатени и дрвца – борчиња. Поради силниот ветер што дува непрекинато тешко е неговото гаснење, од страна на вработени од Пожарната единици од Велес и Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес и пожарникари од Свети Николе и вработени од Шумското стопанство „Шумарство“ од Свети Николе.

– Засега поради силниот ветер во неговото гаснење не можат да се вклучат воздухоплови, информираат од Центарот за справување со кризи од Велес. Тие информираат дека засега нема опасност од пожарот да зафати куќи од овие две села во Овчеполието. Во гаснење на пожарот се вклучени 15 пожарникари со три возила од ТППЕ Велес, пет вработени од Шумското стопанство „Бабуна“Во гаснење на пожарот вклучени е и екипа на Пожарната од Свети Николе и екипа од вработени од Шумското стопанство„Шумарство“ од Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски

29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три