Голем пожар беснее кај дебарското село Татар Елевци, во гаснењето се вклучени два „ер трактори“

Од:

Во гаснењето на големиот пожар кој од вчера беснее кај дебарското село Татар Елевци, денеска се вклучени и два „ер трактори“, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро.

– Во договор со Центарот за управување со кризи, и Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето на пожарот се вклучија и два „ер трактори“ и се надеваме истиот во текот на денов да го ставиле под контрола. Бидејќи имаше опасност да се прошири до селото, најпрво гасневме на северниот дел, каде е ставен под контрола, рече Џетан Мифтароски, командир на Територијалната против пожарна единица.

Додаде дека дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и жители од село Горно Косоврасти, кои и вчера гаснеа, денеска се ангажирани од наутро од 3 часот.

Станува збор за недостапен предел, стрмен предел, под падините на планината Дешат. Пожарот до сега зафатил над 30 хектари нискостеблеста шума и трева.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип