Голем панаѓур во Неготино

Од:

Во Неготино денеска започна традиционалната тридневна стопанско туристичка манифестација „Неготинско панаѓур”, на која присуствуваат голем број гости од земјава и од странство. По примерот на други локални самоуправи општина Неготино годинава определи посебни паркинг места за деновите од неготинскиот панаѓур.

– Сега се спроведува во дело одлуката која ја изгласаа советниците во Советот на општина Неготино. Во времениот сообраќаен проект се вклучени покрај вработени во локалната самоуправа и работници на неготинското јавно претпријатие „Комуналец”. Определени се осум локации на кои ќе може да се паркира. На улиците Маршал Тито и Партизанска, старата гимназија, во близина на основните општински училишта „Гоце Делчев” и „Страшо Пинџур”, изјави општинскиот комунален инспектор Бранко Велјанов.

Локациите се обележани, а има и лица задолжени да ги упатуваат гостите кон слободните паркинг места. За автомобил паркинг место чини 50 денари, додека за камион или комбе 100 денари

Би можело да ве интересира

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски