Голем одѕив на гласачите во општините Битола, Демир Хисар, Могила и Новаци

Од:

На половина час пред затворањето на гласачките кутии, општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар, Могила и Новаци информираат за голем одѕив на гласачкото тело на шестите по ред локални избори.

Во општина Битола до 17 часот регистриран е одѕив од 64 отсто од вкупното гласачко тело, во општина Демир Хисар до 17 часот регистрирани се 70 отсто од гласачкото тело, во општина Новаци регистриран е излез од 69 проценти од вкупното гласачко тело. Од ОИК-Могила потврдија дека до 17 часот гласале 62,18 отсто од електоратот.

Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар, Могила и Новаци потврдуваат дека интересот за гласање не е намален и се очекува до 19 часот процентите значително да бидат видоизменети.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар