Голем митинг на опозицијата в недела во Скопје

Од:

Сојузот за иднината предводен од СДСМ во недела со почеток во 21 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе го одржат најголемиот митинг од кампањата за локалните избори.

На него ќе бидат сите кандидати за градоначалници и носителите на советнички листи од сите општини.

Според планираното, на митингот ќе говорат лидерите на сите партии од коалицијата. Од СДСМ велат дека овој митинг ќе биде доволен сигнал за власта со свои очи да види народ кој на 24 март ќе гласа за подобра Македонија, а не за нејзините незаконски, неуставни и недемократски методи со кои се служи во изминатите шест години.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада