(ВИДЕО) Голем интерес за бесплатен појадок на Вардар

Од:

Голем интерес за бесплатен појадок на Вардар покажуваат граѓаните на Скопје и годинава.

Повеќе десетици граѓани дошле на пунктот во центарот на Скопје каде се доделуваат бесплатните билети за влез на манифестацијата „Појадок на мост“ која ќе се одржи на 22 септември.

Појадокот годинава ќе се организира на две локации и тоа на „Камениот мост“ и на мостот „Око“.

Неопходно е граѓаните да подигнат билет, зашто во спротивно нема да им биде дозволен пристап до мостовите каде ќе се доделува бесплатниот појадок.

Манифестацијата ќе се оддржи по четврти пат, а организатор е Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан