Поради временските услови aеродромот „Александар Велики“ го промени распоредот на летови, извести ТАВ. Аеродромот не е затворен, но поради временските услови распоредот на вчерашните и денешните летови е променет.
Според националната метеоролошка служба, видливоста се очекува да се подобри, а авионите на „flydubai“ на релација Дубаи – Скопје и на „Тurkish Airways“ на релација Истанбул – Скопје штотуку успешно слетаа на аеродромот во Скопје.
Поради временските услови, денеска беа одложени или пренасочени кон други аеродроми следните летови: „Austrian Airlines OS775“ Виена – Скопје 00:05, е пренасочен кон аеродромот во Виена (VIE), „Austrian Airlines OS776 Скопје – Виена 04:30, е откажан, „Adria Airways JP810/11“ Скопје – Љубљана 01:20/04:45, е откажан, „Croatia Airlines “ OU367 Скопје – Загреб 05:50, е откажан, „Wizz Air W6 7744“ Милано Бергамо – Скопје 10:35, е пренасочен кон аеродромот во Софија (SOF), „Austrian Airlines OS779/80“ Виена–Скопје-Виена 11:50/12:40, е откажан, „Wizz Air“ W6 7744 Скопје- Меминген/Минхен Запад 10:35, е откажан.
Вчера, пак, следните летови беа пренасочени или откажани: „Adria Airways JP826“ Љубљана – Скопје 15:00, е пренасочен кон аеродромот во Приштина (PRN), „ Helvetic Airways 2L 172“ Цирих – Скопје 15:20, е пренасочен кон аеродромот во Охрид (OHD), „Turkish Airlines TK1005“ Истанбул – Скопје 19:50, е откажан, „Turkish Airlines TK1005“ Скопје – Истанбул 20:45, е откажан, „JAT Airways JU114/5“ Белград-Скопје-Белград 22:40/06:00“ е одложен и презакажан за 17 Декември 15:00/15:30, а „Croatia Airlines OU366“ Загреб – Скопје 22:45, е пренасочен кон аеродромот во Приштина (PRN).