Гол маж ги распамети скопјани на Илинденска

Од:

Скопјани кои денеска излегоа на неделна прошетка во Градскиот парк, беа пречекани од шокантна глетка – на семафорот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Ленинова“ беше поставена скулптура од целосно гол маж.

За скулптурата, која оддалеку изгледа како вистински човек, не е поставено никакво објаснување. Таа очигледно е дел од некаква уметничка инсталација, но сепак предизвика згрозување кај скопјани, кои на социјалните мрежи реагираа дека таа е невкусна.

„Од памет се извадив кога го видов, гол човек потпрен на семафор, целиот валкан и крвав,“ вели еден скопјанец кој поминал покрај скулптурата со своето тригодишно дете и останал запрепастен од несекојдневната глетка.

Човекот е намачкан со боја и изгледа како да го гушка семафорот, а во раката има најлонска кеса. Не е најјасно која била идејата на незнајниот уметник, ниту зошто се одлучил да ја изложи скулптурата на такво јавно место.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош