Годишно собрание на Нотарската комора

Од:

Од млада професија пред 15 години, нотаријатот во Македонија денеска е почитувана јавна служба која обезбедува висок степен на правна сигурност, оценија министерот за првада Блерим Беџети и претседателката на Нотарската комора на РМ Зорица Пулејкова на 15. редовно годишно собрание на нотарите.

Министерот Беџети истакна дека позитивните резултати од практикувањето на нотарската служба ја зголемиле довербата во нотаријатот и придонеле во реформскиот процес на правосудниот систем. Со донесениот Закон за вонпарнична постапка им се овозможи на нотарите да постапуваат како повереници на судот во однос на оставински предмети што не се спорни.  Во 2012 година правосилно се решени 71 процент такви предмети.

– Последниот чекор во оваа насока е доделувањето на правото и обврската на нотарите, согласно со Законот за задолжница, да ја остваруваат и заверуваат задолжницата како потврдена приватна исправа со која должникот дава согласност побарувањето на доверителот назначено во задолжницата присилно да се наплати од сите расположиви средства на должникот кај носителите на платниот промет, рече Беџети во поздравното обраќање. Тој информираше дека Министерството за правда подготвува донесување нов закон за нотаријатот, кој треба да го замени постојниот од 2007, и во кој ќе бидат вградени многубројните јавни овластувања што им се дадени на нотарите.

Претседателката на Нотарската комора Зорица Пулејкова се осврна на успесите на службата во изминатата деценија и пол, посебно откако некои надлежности се пренесени од судството кај нотарите.

– Со пренесувањето на неспорните судски предмети во надлежност на нотарите се овозможи не само растоварување на судовите, туку и поголема ефикасност и функционалност во решавањето на оставинските предмети и во донесувањето решенија со кои се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа. Сето ова укажува дека досегашната работа на нотарите позитивно се одрази врз целокупното функционирање на правниот систем на државата, рече Пулејкова.

Нова надлежност на нотарите е задолжницата која тие ја составуваат во електронска форма преку систем за водење регистар за задолжници кој го води Централниот регистар на РМ. Во 2012, соопшти Пулејкова, биле издадени 42 задолжници и се очекува нивниот број се повеќе да се зголемува.

Во 2012 година нотарите во Македонија составиле во форма на нотарски акти или потврдиле 103.574 исправи на 1.210.843 баратели на услуги. За сите нотарски услуги се  наплатени 137.709.841 денар судски такси, со што во државниот буџет се внесени 2.239.184 евра.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов