Годишна конференција за одделенијата за управување со човечките ресурси во државната служба

Од:

Преку низа мерки за искористување на човечките ресурси во администрацијата за нејзино оценување, за мерење на квалитетот на нејзината работа ќе се менува традиционалниот концепт на функционирање на јавната администрација. За успешноста на тој процес, покрај новиот закон за администрација што веќе се изработува, клучна ќе биде свесноста на вработените во јавната администрација за нивната улога и одговорност, со цел да можат да понудат ефикасни и транспарентни услуги за граѓаните.

Такви пораки упатија министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и амбасадорот на Велика Британија во Македонија Кристофер Ивон на отворањето на 4. Годишна конференција на одделенијата за управување со човечките ресурси во државната служба.

На конференцијата на тема „Управување со перформанси“ раководители на одделенијата за управување со човечките ресурси од целата администрација и експерти за таа област од Велика Британија дебатираат за Предлог-законот за администрација. Анализираат како на најдобар можен начин да се примени методологијата базирана на компетенции и новите системи за оценување и за мерење на квалитет на администрацијата.

Според министерот Ивановски, новините што се планираат за администрацијата не треба да предизвикаат страв и одбивање кај неа, затоа што нудат можности да направат во кариерата и за поголема функционалност. Системот на компетенции што треба да се воведе е збир на минимум способности што треба да ги поседува еден кандидат односно вработен во административната служба. Со тој систем, според Ивановски, ќе се придонесе за правилно управување со човечките ресурси, со крајна цел на работните места да има лица кои ги поседуваат потребните способности за успешно извршување на работните обврски и обезбедување услуги кон граѓаните.

Се планира, како што рече Ивановски, и воведување и оценување на службениците преку т.н. „360 степени модел на оценување“, при што ќе се добиваат оценки и од надредените и од колегите на исто ниво, и од подредените, како и од граѓаните. Преку системот на мерење на перформансот на вработените во администрацијата, пак, вработените кои ги постигнуваат или надминуваат зацртаните организациски цели ќе бидат помотивирани, а тие со послаби резултати ќе треба да се мотивираат да го подигнат нивото на работењето.

Во насока на реформа на администрацијата во тек е и изработка на методологија за стандардизирано мерење на квалитетот на институциите. Покрај оценка на исполнување на стандардите во внатрешното управување на организацијата ќе се мери задоволството на граѓаните од испораката на административите услуги, информира Ивановски.

Според него, одложувањето на покачувањето на платите во администрацијата нема да влијае демотивирачки на нивната работа бидејќи смета оти тие вработени се свесни за економската криза. Дополнително треба да се има предвид и покачувањето на платите што го имаше претходните години администрацијата.

Британскиот амбасадор пред раководителите на одделенијата за човечки ресурси порача дека реформата на администрацијата е тежок пат по кој одењето не завршува никогаш, оти не треба да се обесхрабруваат, но секогаш да имаат предвид дека клиентите се тие кои најдобро можат да ги оценат услугите.

– Во сржта на реформата на администрацијата е начинот на кој ние ја преземаме одговорноста. Неопходно е секој да ја разбере својата улога и одговорност во својата организација, посочи Ивон, истакнувајќи дека службениците треба да ја искористат тековната реформа за напредок во кариерата.

Амбасадорот Ивон нагласи дека граѓаните сакаат потранспарентна и поефикасна администрација и оти сите што одлучиле да работат во неа треба да внимаваат и на нејзината репутација.

– Имајте ја предвид репутацијата затоа што ако сте во јавната администрација имате залог за чување на репутацијата и голема улога, рече амбасадорот Ивон.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата