GO Green испрати порака за намалување на загадувањето на воздухот

Од:

Активисти на Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје денеска одржаа марш на кој упатија порака за намалување на загадувањето на воздухот.

Маршот тргна од Топланата во Клинички центар, која, според Алксандра Трпеска, претставник од Здружението, е еден од најголемите загадувачи на воздухот во Скопје, а заврши на плоштадот „Македонија“.

– Топланата работи на мазут, кој со неговото согорување испушта јаглероден диоксид, сулфур диоксид и штетни честички ПМ 10. Овие честички во изминатиот период, според мерните станици, се шест пати повеќе од дозволеното присутни во воздухот. Тоа е причина за повеќе болести кај луѓето, респираторни и кардиоваскуларни, изјави Трпеска.

Со маршот, нагласи, испраќаат порака и до надлежните институции, индустријата, но и граѓаните за совесно однесување и намалување на загаденоста на воздухот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан