Globe-athon 12-часовна прошетка дел од светски настан за подигање на свеста против рак кај жените

Од:

Од САД до Иран, од Русија до Конго, од Перу до Јужна Кореја, луѓето од целиот свет се обединуваат на првиот годишен меѓународен Глобатон: Прошетка за сопирање на ракот кај жените.

Во последниот викенд од септември, учесници од над 80 земји ќе направат историја пешачејќи во знак на солидарност со милиони жени и семејства погодени од рак на репродуктивните органи.

Во Вашингтон, настанот Глобатон ќе се одвива 24 часа, кружејќи околу Белата Куќа. Д-р Лари Максвел, претседаваќ на Болницата Инова на гинеколошко-акушерскиот оддел и Џени Мекгијон, пациентка преживеана од гинеколошки канцер о ко-претседавач на Националната трка за сопирање на ракот кај жените, заедно со колеги хирурзи, преживеани пациенти од рак, воени ветерани, вработени во меѓународните амбасади во Вашингтон и поддржувачи, ќе пешачат или ќе трчаат кругови од 2 милји околу Белата Куќа во тек на 24 часа за да привлечат внимание на ова глобално движење за подигање на свеста против гинеколошките канцери. Настанот ќе кулминира со медиумски настан во 8 часот наутро во понеделник, 30 септември.

Гинеколошките канцери – цервикален, на јајници, на матка, вагинален и вулвуларен – зафаќаат скоро 20% од околу 5,1 милион нови случаи на рак и 2,9 милиони смртни случаи од рак. Над 230,000 жени се дијагностицираат со оваријален канцер годишно, а многу од нив се во подоцнежен стадиум од болеста, а кај повеќе од половината ќе настапи смрт. Церевикалните канцери алармантно се зголемуваат во Јужна и Источна Азија, АФрика и Јужна Америка, со инциденца и смртност на највисоко ниво во последниве 30 години, со што болеста станува главен глобален приоритет.

„Се постигна напредок во леќењето на рак на дојка и други болести, но сеуште многу жени умираат во светот од цервикален рак, рак на јајници и други видови на рак на репродуктивните органи,” вели д-р Лари Максвел. „Сакаме жените да ги знаат симптомите за рано откривање и успешно лечење и да се зголемат фондовите за истражување за да се развијат подобри алатки да се победат овие видови на рак.”

Глобатон е повик за акција без преседан, обединувајќи ги заедниците ширум светот за подигање на свеста и поддршка на истражувањата за репродуктивни канцери, Прошетката околу Белата Куќа го поддржува ова, мултинационална коалиција да расветли светла точка за овие болести и да се поддржи глобално движење за сопирање на ракот кај жените.

Места на тргнување:

08.00 – Универзитетска Гинеколошкo-акушерска клиника, Скопје
09.00 – Ремедика, општа болница, Скопје
10.00 – Специјална гинеколошко-акушерска болница, Чаир, Скопје
11.00 – Аџибадем Систина, клиничка болница, Скопје
12.00 – Спомен куќа Мајка Тереза, ул. Македонија
14.00 – Клиничка болница, Тетово
16.00 – Општа болница, Велес
18.00 – Општина на град Штип, Штип
20.00 – Дом на култура, Битола

Би можело да ве интересира

Март – национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Шенон Доерти откако ракот и се прошири на коските: „Не сакам да умрам“

Револуционерен пробив во лекувањето на ракот: ви го претставуваме Витацептин

Ракот на грло на матка е предизвикан во 99,8 проценти од ХПВ, сѐ уште се бојкотира вакцината

Даниловски: Зошто со набавката на биолошка терапија за болните од рак, смртноста се зголемува наместо да опаѓа?

Орце Костов