Гледа во таванот и не оговара на прашања, дури ни за името – вака почна судењето на серискиот убец од Старо Нагоричане

Од:

Со молк од обвинетиот и десетминутна пауза започна првото рочиште од судскиот процес против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во кумановскиот регион.

На почетокот на главната расправа во Основниот суд Куманово, Бојковски не воспостави никаква комуникација со судечкиот совет. Тој не го погледна судијата, туку постојано гледал кон таванот и не одговори ниту на прашањето за утврдување на неговиот идентитет.

Поради неговото однесување, судијата одреди десетминутна пауза за да се утврди дали постојат услови постапката да продолжи. За време на паузата, обвинетиот ја спушти главата, ги стави рацете на слепоочниците и останал без збор.

Во судницата беа присутни и членови на семејствата на жртвите, од кои дел коментирале дека, според нив, обвинетиот „се преправа“. Негов бранител е адвокатот Драган Трајковиќ, а на рочиштето присуствуваа и полномошниците на оштетените – Јанка Антевска, Мира Станковска, Марија Мариновска и Росанка Трајковска.

Основното јавно обвинителство Куманово на 19 јуни поднесе обвинителен акт против Бојковски од Старо Нагоричане. Тој се товари за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени, за што Кривичниот законик предвидува казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Според Обвинителството, психијатриските вештачења спроведени во текот на истрагата покажале дека делата биле сторени од ниски побуди.

Обвинението се однесува на убиствата во селата Клечовце, Драгоманце, Старо Нагоричане и Челопек, како и на два случаи на обид за убиство.

По паузата, судот треба да одлучи дали и под кои услови ќе продолжи судската постапка.

Би можело да ве интересира

Почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за двајца мртвопроверители за случајот со сериските убиства во Старо Нагоричане

Лапе: Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид во земјава, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари за четири убиства

Катерина Ѓуровски

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства и два обиди за убиство

Катерина Ѓуровски

Обвинителството собира докази за осомничениот за убиства во Малотино и Старо Нагоричане

Проширена е истрагата против 25-годишниот овчар – сериски убиец од Старо Нагоричане