„Гладна кокошка просо сонува“ – Вака според ВРЕДИ се однесуваат СДСМ и ДУИ

Од:

Опозицијата е целосно грогирана од изборниот пораз. Стравот од тоа што следи им ја одзема способноста да размислуваат рационално. Така СДСМ не сфаќа дека сега ДУИ го користи како гласноговорник, велат од коалицијата ВРЕДИ.

– Бидејќи криминализираното раководство на ДУИ се обиде да издејствува Блерим Рамадани да биде екстрадиран во Србија за да креира тензии и да го обвини ВЛЕН за предавство, сега му сервира лажни информации на СДСМ. И така очајот за медиумско внимание си го прави своето. Тие мислат дека со вакви наводно бомбастични приказни ќе ја покријат внатрешната слабост. Затоа им порачуваме на СДСМ и ДУИ да не се однесуваат по онаа народната “гладна кокошка просо сонува”! Нека ја почекаат конечната одлука на судовите за екстрадицијата пред да изнесуваат небулози. И може да бидат целосно сигурни дека владината коалиција не може да ја раздрмаат структури до гуша заглавени во политичка корупција кои се во паничен страв од кривична одговорност, се вели во соопштението од Коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот