Претседателот на македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај, кој учествува на 63 Конгрес на Унијата на европските националности, ФУЕН учестуваше на работниот состанок на групата на словенските малциства, членки на Унијата.
– Како дел од групата на словенските малцинствата од Европа, на работниот состанок учеснците детално ги информирав за положбата на македонското малцинство во Албанија, пробемите со кои тие се соочуваат, нашите барања упатени до албанските власти за надминување на одредени прашања кои ги мачат Македонците и слично, изјави Ѓурѓај за МИА.
На маргините на состанокот остварил средба со Тања Новотин-Голубич, заменик-градоначалник во Бјеловарско-Билогорската Жупанија, од редовите на чешкото малциство во Хрватска, со Бернхард Зиец, претседател на работната група, и дел од бордот на Домовина, Федерација на Лужичките Срби во Германија, како и со Рејска Липичец од Федерација на Лужичките Срби во Германија и проект менаџер на ФУЕН.
Според Ѓурѓај, Генералното собрание на ФУЕН на конгресот што се одржува во холандскиот град Леуварден, се очекува да ја усвои Резолуцијата за положбата на македонското малцинство во Албанија,предложена од друштвото „Илинден“.