Ѓорѓиевски вети формирање општински бизнис совет во Куманово

Од:

Формирање општински бизнис совет кој ќе заседава еднаш месечно и ќе ги разгледува и решава проблемите на стопанствениците,  ветија кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски и носителот на листата Драган Петковски на денешната средба со стопанствениците од керамичката индустрија во Куманово.

– Постоечките фирми од Куманово се брендови не само во државата, туку и пошироко во регионот, така што нивното функционирање и зајакнување за нас е особено значајно, бидејќи придонесуваат за намалување на невработеноста, рече кандидатот за градоначалник, Ѓорѓиевски.

Преку остварените контакти со стопанствениците, додаде тој, ги согледуваме проблемите, а воедно нудиме решенија кои се во ингеренција на локалната власт.

Ѓорѓиевски за време на средбата со стопанствениците од чевларската индустрија од населбата „Карпош“ најави подобрување на инфраструктурата и одбележување на фирмите во индустриските зони Доброшане и Карпош, како дел од потребите на бизнисмените.

Кандидатот за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“, на средбата со директорот на Агенцијата за вработување,Влатко Поповски посочи дека соработката со институциите е особено значајна за понатамошните насоки во процесот на намалување на невработебноста.

– Секој регион си има своја специфика затоа и овие средби со граѓаните се особено значајни за дефинирање на мерките кои ќе бидат полезни и за невработените и за работодавачите, рече Поповски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија