Ѓорѓиевски: Ти се поклонувам мое Скопје, влегуваме во ново време, на работа и дела

Од:

Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Скопје. Тој прогласи победа по вториот круг на локалните избори каде од 99,85 проценти пребројани избирачки места освои 95.383 гласа или 57,05 проценти наспроти неговиот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица кој освои 61.331 гласа.

– Скопје е ослободено! Вечерва, не победив само јас. Победивте вие. Скопје победи! Победи идејата дека овој град може да стане место на достоинство, ред и иднина. Победи народот кој реши да се спротивстави на неправдата, нашиот горд народ кој никогаш не се откажува!, објави Ѓорѓиевски на неговиот фејсбук профил.

Вечерва, додаде тој, ја славиме победата на духот над безнадежноста,
на храброста, на народот над оние што го потценуваа, кои сега ги пративме во историјата.

– Но, вечерва, исто така, нашата борба не завршува тука. Само што почнува. Влегуваме во ново време, време на работа и на дела, не на изговори. Ние нема да застанеме додека секој човек не се чувствува горд што живее во своето Скопје. Секоја улица, секој плоштад, секој дом во овој град бара работа, ред и правда. И токму тоа ќе му го дадеме, наведе Ѓорѓиевски.

Ќе се борам, додаде тој, секој ден, со сета сила против небрежноста, против хаосот, безредието и рамнодушноста која му ја оставија на овој град. Ќе се борам, вели, за секое дете што заслужува подобра иднина, за секој човек што бара достоинство.

Тој им се заблагодари на сите кои застанаа зад него-на семејството, на неговиот тим, а најмногу му благодари на премиерот Христијан Мицкоски, како негов најсилен столб.

– Ви се поклонувам! И ќе завршам со една моќна мисла на големиот Винстон Черчил: ,,Историјата ќе биде наклонета кон нас, затоа што ние имаме намера да ја напишеме.” Да живее Скопје! Да живее идејата дека најдоброто допрва доаѓа!, напиша Ѓорѓиевски.

Во изјавата дадена пред седиштетео на ВМРО-ДПМНЕ новоизбраниот градоначалник на Скопје му упати порака и на неговиот противкандидат Мециновиќ.

Амар е поразен, жестоко поразен. Му порачувам да го загрее столчето и да го заврши факултетот. Човек кој ја лажеше целата македонска јавност дека е дете на стечајци и дека има завршено факултет, можете да замислите што би направил ако му се дадеше поголема власт, изјави Ѓорѓиевски веднаш по објавувањето на првичните резултати кои ја потврдија неговата победа.

На својот фејсбук статус објави и видео со инсерти од изборната кампања со порака: „Ти се поклонувам мое Скопје“!

Би можело да ве интересира

Антикорупциска препорача измени во Изборниот законик да рамноправен пристап до парите за рекламирање во кампања

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

Само една третина од жителите на Скопје гласале за градоначалник во вториот круг, секое шесто личве неважечко

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Што вети новиот градоначалник на Скопје

Собранието треба да констатира престанок на мандатите на пратениците Мицевски, Стаменкоска Трајкоска и Проданоски