Ѓорѓиевски: СДСМ нема намера за фер и демократски избори

Од:

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите изјави дека СДСМ се фатени на дело како сакаат да ја ангажираат полицијата во нивна функција на изборите и да го искористат државниот буџет за поткуп на гласачи, што можело да се види на таблата од нивната општинска организација.

– Дрско и безобразно е да се истакнува користењето на полицијата во функција на изборите. Сакаме јасно да претставиме дека СДС нема намера за фер и демократски избори и да истакнеме со какви услови се соочуваме. Ова е директно мешање на полицијата во партиски цели на СДС. Ова е директно мешање на партијата и државата. Наместо да се занимаваат каква програма да им понудат на граѓаните тие се занимаваат како да ја употребат полицијата во нивни цели, рече Ѓорѓиевски.

Тој ги повика ДИК, јавнотно обвинителство и меѓународната заедница да реагираат на овој скандал и да не се прават дека ништо не гледаат.

– На СДС нема да му помогне ни овој јалов обид. Граѓаните ги препознаа штетните политики. Нема да им помогне ниту нивната партиска полиција, ниту целиот државен буџет кој го имаат на располагање. Сакаме да упатиме апел до чесните полицајци, да не дозволат да бидат инволвирани во вакви активности, а сите оние од СДС коишто ќе посегнат по вакво нешто, по следните предвремени парламентарни избори ќе одговараат, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ