Ѓорѓиевски: Покажување сила кај мене не поминува, знакот „Ја сакам Кисела Вода“ ќе биде вратен

Од:

„Покажувањето сила кај мене не поминува, знакот„Ја сакам Кисела Вода“ ќе биде повторно вратен! Никогаш не сум бил човек кој бара расправии и учествува во конфликти и подолго време бев воздржан околу случувањата кои денес ескалираа и ги вознемирија нашите жители. За жал, малодушноста и незрелоста на поединци резултираа со тоа да бидам принуден да влезам во одреден конфликт со луѓе кои во отсуство на проекти и визија, а полни со гнев и желба за ситен политички реваншизам, се трудат по секоја цена да ја изиграат волјата на моите сограѓани“. Ова меѓудругото го напиша на Фејсбук градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој вели дека е „човек кој легитимитетот го црпи директно од граѓаните и кај кој не поминуваат притисоци и вакви малодушни потези“.

„Целата иницијатива за поставување на светлосната табла ,, Ја сакам Кисела Вода”, по урнекот на неколку европски градови и општини, потекна од жителите на општината, кои за ова непосредно ме информираа. Почитувајќи ја нивната волја, пред пет месеци испративме барање до Градот Скопје, за кое добиме усмено одобрување, но на писмено, до денешен ден, немаме буквално никаков одговор, што според закон, значи премолчено одобрување. Токму затоа, дозволивме нашата општина да биде разубавена со оваа табла која е целосно финансирана од граѓаните.

Ова утро, едно од човечињата во Градот (генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров), наместо да се јави и да се заинтересира до каде е остварувањето на ветената меѓуопштинска соработка и договор за асфалтирање на улиците во Усје, наместо да информира зошто нема ниту милиметар напредок во градбата на Усјанскиот канал, чија реализација беше аминувана на Советот на град Скопје, но закочена од Арсовска, да пројави интерес да се запознае макар со еден стопанственик во индустриската зона Пинтија (преговори кои треба да ги реши Градот, а ги посредуваме ние, како општина Кисела Вода, бидејќи од страна на Град Скопје нема кој да се сретне со овие лица) бидејќи поради тоа нема ниту една експропријација неопходна за проширувањето на булеварот Борис Трајковски, наместо да даде одговор зошто во изминатите неколку недели прави опструкции за реализирање на проекти во општина Кисела Вода под ингеренции на Градот или јавните претпријатија во негова надлежност, тој, се занимава со рушење на светлечка реклама, платена од нашите жители“ пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Владата спроведува партиски реваншизам кон општините во минатите две години

Невремето направи штети во Драчево и дел од Кисела Вода-отворени телефони за пријавување на проблем

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Орце Ѓорѓиевски е неписмен, Дрисла е во сопственост на Град Скопје

Орце Костов

Ѓорѓиевски нема да ја плати казната: Данела може утре да се разбуди во филм дека е Оливер Спасовски и да апси народ, таа не си ги знае ингеренциите

Орце Костов

Арсовска го казни со 90.000 евра градоначалникот на Кисела Вода за исфрлањето на сметот пред портите на „Дрисла“

Орце Костов

ВИДЕО: Дрисла не го прима ѓубрето што го собираа скопските општини

Катерина Ѓуровски