Ѓорѓиевски: Нов зелен пазар за кумановската населба „Гоце Делчев“

Од:

Нов модерен зелен пазар во населбата „Гоце Делчев“ вети кандидатот за градоначалник од коалицијата  „За подобра Македонија“ предводнеа од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски.

– Постоечкиот зелен пазар е пренатрупан, а воедно околу него има голем број  „диви“ прекупци. При подготвување на програмата преку непосредните контакти со граѓаните добивме предлог дека е потребен ваков пазар за да може и оние кои продаваат на различни локации од градот да закупат тезга и да се намали метежот на постоечкиот пазар, рече Ѓорѓиевски.

Тој вети дека пазарот ќе биде модерен и ќе има  простор за паркирање и за закупците и за купувачите.

Ѓорѓиевски додаде дека во неговата програма особен акцент е ставен на развојот на локалната економија.

 – Куманово е водечки град по бројката на печалбари од Авганистан кои имаат капитал, но можеби и немаат идеја за реализирање бизнис планови. Затоа, во нашата програма е предвидено фомрирање канцеларија за советодавни услуги кои ќе ќе обезбедуваат совети и поддршка за идните стопанственици, кои наместо да ги чуваат парите ќе имаат можност да развијат бизнис од кој бенефит ќе имаат самите тие, но и градот со намалувањето на бројката на невработените, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија