Ѓорѓиевски: Намалувањето на невработеноста меѓу приоритетите за Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалинк од коалицијата „За подобра Македонија“ Зоран Ѓорѓиевски и носителот на листата Драган Петковски денеска оставрија средба со стопанственици од чевларската индустрија и најавија дека во програмата, приоритет има економскиот развој на општината.

–  Освен за пронаоѓање стратегиски инвеститори за технолошко развојната зона која многу ќе значи за градот и ќе ја намали бројката на невработени, заинтересирани сме и за проширување и обновување на постојните капацитети преку кои сме препознатливи во Македонија, рече Ѓорѓиевски.

Во програмата е предвидено, додаде, и формирање канцеларии со кои ќе се овозможи поддршка за заинтересираните стопанственици кои имаат идеи за развој на мали и средни претпријатија, а кои ќе овозможат намалување на невработеноста во општината.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ го посети и Центарот за социјални работи каде лично се информираше за распределбата на владината помош за оштетените семејства.

– Вкупно 171 семејство доби првична парична помош за штетите од неодамнешните поплави во Куманово, а Центарот подели помош во облека и хигиенски средства. Најавена е и распределба на апарати за домаќинство, истакна Ѓорѓиевски.

При посетата на Центарот за вработување Ѓорѓиевски доби информации кои профили доминираат и како може да се помогне во преквалификација за полесно конкурирање на пазарот на трудот.

– Една од водечките работи за кои се залагаме е бројката на невработените да се намали, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија