Ѓорѓиевски: На Шуто Оризари му е доста од хаос и запоставеност, мојот концепт е Скопје еднакво за сите граѓани

Од:

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, денес од општина Шуто Оризари, даде изјава за медиуми во која истакна дека општина Шуто Оризари нема да биде повеќе запоставена општина, а проблемите како нефункционалноста на комунална хигиена и јавниот превоз ќе се надминат. Тој додаде и дека Шуто Оризари ќе добие нов културен дом „Есма Реџепова“, како и голем стадион на барање на младите од општината. Ѓорѓиевски истакна дека очекува голема поддршка од централната власт.

„Најпрво сакам да им честитам на сите овде во Шуто Оризари, никогаш немало ваков чин на заедништво овде и сите да се обединети на една страна, како што тоа се случува денес. Така што сум убеден дека после ова ќе следи силна победа во Шуто Оризари за мене како кандидат за градоначалник на Град Скопје, но и за Ерџан како локален градоначалник овде, кој што за прв пат во историјата ќе биде избран, а е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Ѓорѓиевски.

Според него, во општината недостасуваат најпрво основни хумани услови за живот, а граѓаните на Шуто Оризари како што вели тој, долго време се третирани како граѓани од втор ред. Ѓорѓиевски истакна дека како иден градоначалник на Град Скопје ќе работи на рамномерен развој во секоја населба и секое населено место.

„Граѓаните од Шуто Оризари се третирани долго време како граѓани од втор ред, мојот концепт е Скопје еднакво за сите граѓани. Тоа подразбира рамномерен развој во секоја населба, во секое населено место, да сите имаат еднакви услови за живот. Дополнително, овде во програмата имаме ветено на барање на жителите културен дом, „Есма Реџепова“, место каде што младите ќе можат да се дружат да креираат, но и повозрасните да го поминуваат своето време“, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски се осврна и на проблемот со дивите депонии, при што потенцираше дека дивата депонија во Шуто Оризари ќе биде исчистена, а ќе се работи на решение со нефункционалноста на комуналната хигиена, како и на јавниот превоз во градот.

„За брзо време по преземањето на власта во Град Скопје, ќе ги надминеме и како што побараа младите овде, а тоа беше најголем нивни интерес, во Шуто Оризари ќе градиме еден голем стадион“, кажа Ѓорѓиевски и додаде:
„Очекувам силна поддршка од централната власт, но има и проекти кои што ќе ги реализираме заедно со локалната самоуправа овде, со меѓуопштинска соработка“.

Ѓорѓиевски се осврна и на делот за инфраструктурата, за што нагласи дека во оваа општина се наоѓа во лоша состојба, и истакна дека ќе треба да се интервенира преку локалната самоуправа, а кажа и дека очекува силна поддршка од централната власт.

„Ќе имаме една плодна соработка наредните 4 години, комбинација од централната власт, локалната власт на градско ниво, и локалната власт овде во Шуто Оризари, се со цел да на крајот од нашите мандати шетаме овде во Шуто Оризари со крената глава, а нашиот народ овде да е задоволен и да има услови какви што ги заслужува“, заклучи Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност