Ѓорѓиевски: Фракционерството не е дозволиво во ВМРО-ДПМНЕ, а Филип Петровски не е член на партијата

Од:

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со прес-конференцијата на Филип Петровски изјави дека неговата партија има огромен демократски капацитет и во рамките на партијата дозволено е да се дискутира отворено за сите прашања, дури и да има различни ставови и мислења, се до моментот додека партијата не донесе конкретен став за некое отворено прашање.

– Во моментот на донесување на партиски став ние сме конзинстентни по тој став и немаме други мислења околу тоа. Она што се случи денес односно најавата за фракционерство, во нашиот статут нема предвидено такво нешто. Што значи фракционерство не е дозволиво по статутот на ВМРО-ДПМНЕ и ние не го поддржуваме тоа. И во рамките по статутот досегашен но и во рамките по статутот кој што е во до изработка од страна на експерти од нашата партија. Конкретно едно од лицата кое што го одржа пресот денес дотичниот Филип Петроски, јас колку што сум информиран Филип Петроски го нема ажурирано своето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека Филип Петроски не е член во ВМРО-ДПМНЕ и колку што ме држи меморијата мислам дека се уште е член на Демократска десница, партијата која што впрочем ја формираше лицето, така да нема конкретно Филип Петроски кредибилитет да отвора такви прашања и такви теми, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал