Ѓорѓиевска: Создаваме услови во Куманово секој да биде слушнат, поддржан и вклучен

Од:

Носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија за Куманово и актуелен претседавач на кумановскиот совет – Ивана Ѓорѓиевска денеска пред медиумите ги претстави приоритетите за идниот мандат од програмата што Движењето ЗНАМ – за наша Македонија за заштита, солидарност, еднаквост и социјална инклузија.

Куманово отсекогаш било град на различности, град каде што луѓето се почитуваат, поддржуваат и градат заедничка иднина. Визија на ЗНАМ беше и е токму таква – општина – промотор на солидарност, еднаквост и социјална инклузија, рече во своето обрааќање Ѓорѓиевска, потенцирајќи дека низ серија средби како денешната со невладините Инклузива и Центар за жртви за семејно насилство – се градат решенијата што ќе бидат приоритет во оваа област и се потврдуваат засложбите за инклузивна општина.

“Ние се залагаме за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Заедно со градоначалникот Максим Димитриевски работиме на инклузија за сите лица и даваме финансиска поддршка на здруженија од овој тип. Општината спроведе и спроведува низа локални активности и мерки за подобрување на општата состојба на граѓаните и тоа:

• Бесплатен јавен превоз за сите граѓани на сите линии
• Народна кујна
• Субвенционирање на трошоци за комунални услуги
• Обезбедување на помош за домување на станбено необезбедени лица
• Еднократна финансиска помош за социјално најзагрозените
• Обезбедување на социјални услуги преку програмата “општинско корисна работа“
• Социјална инклузија на децата – Роми во детските градинки
• Набавка на специјално возило за лица со попреченост“, нагласи носителката на советничката листа од Движењето ЗНАМ.

Инклузивноста, вели таа, е срцевината на едно праведно и хумано општество. Секој граѓанин, без разлика на возраста, полот, етничката припадност или способности, има право на еднаква шанса да учествува во заедницата. Наша обврска како Општина е да создадеме услови во кои сите ќе бидат слушнати , поддржани и вклучени.

За таа цел во програмата се предвидени повеќе мерки, залоѓби и проекти.

• “Создавање услови за целодневен престој за учениците со посебни потреби во училиштата.
• Нова спортска сала приспособена за лицата со попреченост.
• Инклузивен концепт – пристапни веб-страници, културни и спортски содржини, јавни простори и услуги без бариери.
• Пристапни рампи и пристапни санитарни јазли во сите училишта.
• Адаптирани тротоари за непречено движење на лицата со попреченост.
• Звучни семафори на клучни локации во централното градско подрачје.
• Тактилни патеки за лицата со оштетен вид кон институциите и кон јавните објекти.
• Пристапност во општинските згради, во јавните претпријатија и во градинките.
• Достапни автобуски постојки – со рампи, говорна најава и јасни ознаки.
• Вклучување пристапни автобуси со звучни апарати во јавниот превоз.
• Пристапност до културни и спортски објекти од јавен интерес.
• Поддршка за центри за социјализација и психолошка поддршка за лица со попреченост и за нивните семејства.
• Шелтер и советувалиште за жртвите на семејно насилство.
• Поддршка на програми за ресоцијализација за маргинализирани групи на граѓани.
• Бесплатни активности за деца од социјално загрозени семејства (курсеви, спортски активности, екскурзии).
• Продолжување на постојните мерки за социјална заштита.
• Општинско-корисна работа – ангажман на невработените како асистенти во образованието и во грижата за старите лица“, ги најави Ивана Ѓорѓиевска зацртаните проекти за идниот мандат во Куманово

Целта на ЗНАМ е јасна: никој да не биде изоставен. Затоа вложуваме и во народна кујна, и даваме поддршка за лицата со попреченост, и имаме програми за младите и создаваме услови каде што секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и прифатено. Уверена сум, рече Ѓорѓиевска, дека заедно можеме да го изградиме Куманово кое ќе биде пример за еднаквост и инклузија – град каде што секој човек, без разлика на својата возраст, професија или припадност, ќе има свое место и своја улога.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Имаме јасна визија за Центар, да биде чист, урбано среден, зелен и безбеден

Горан Наумовски

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во коешто покрај локалната ќе се развива и регионалната економија

ЗНАМ: Филипче ти и твојот ментор Заев сте срам за сите чесни членови на СДСМ

Лабудовиќ на осветувањето на „Свети Константин и Елена“: Центар ќе го почитува своето наследство и верските чувства на граѓаните

Лабудовиќ: Во Центар владее хаос – урбанистички, сообраќаен, комунален, еколошки

А1он